Полицијата го најде украденото амбулантно возило на кочанската болница

Амбулантното возило кое ѝ било донирано на болницата во Кочани, ноќеска било украдено. Полицијата по петчасовна потрага го пронајде возилото, но не и крадците, кои „лудувале“ по кочанските улици, нагло кочеле и возеле и во спротивен правец.

Фото: Актуелности.мк

Кочанскиот портал Актуелности.мк, каде и беше објавена веста за кражбата, потоа објави дека по само 5 часа од пријавувањето, полицијата го пронајде болничкото возило.

Кражбата на возилото од болничкиот круг ја пријавил вработен во болницата  околу 3.30 часот по полноќ.

Венаш полицијата тргнала во потера врз основа на добиени информации  и утрово го пронашла возилото оставено на улицата „Кирил и Методиј". 

Порталот дознава дека крадците имале бурна ноќ по улиците во градот, возеле брзо и нагло кочеле, оставајќи долги траги на асфалтот, а возеле и во спротивен правец по еднонасочни улици. Веројатно кога крадците забележале дека полицијата им е на трага, дошле со возилото до улицата „Кирил и Методиј“, над болницата, тука го оставиле и побегнале во непознат правец.

Легенда под Главна слика

Фото: Актуелности.мк

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе