Поднесена кривична пријава

Полицијата фати сторител на тешки кражби

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.Б. (21) од Скопје поради сомневање дека извршил тешка кражби со што се стекнал со противправна имотна корист од 364.500 денари. На полицијата и го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле одземени и вратени на оштетените.

Според МВР, пријавениот во април и во декември, лани извршил тешки кражби во продавници на ул. „Бојмија" и бул. „Јане Сандански" во Трговски центар Бисер во населбата Аеродром во Скопје.

Сторителот со употреба на сила делувал на влезните врати, влегувал во продавниците и одземал пари и други предмети.
Во првиот случај, пријавениот со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел пари, неколку пакувања со храна за животни, по што побегнал.

Во вториот случај, А.Б. насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лап топ, еден користен мобилен телефон и тринаесет нови мобилни телефони, по што побегнал. А.Б. бил приведен во Полициската станица Аеродром.

 

 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе