Полицијата изрекла вкупно 143 санкции, меѓу кои седум за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири за возење на технички неисправни и нерегистрирани возила..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.