Сообраќајна контрола во Скопје

Полицијата „фати“ 13 лица без возачка дозвола, а осум возила биле неисправни

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата утврди дека 13 возачи возеле иако немале возачка дозвола, а од контролираните возила, осум биле технички неисправни.

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, како што вообичаено сооштува МВР, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила.

Изречени биле и три казни  за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе