Во Скопје

Полиција му влегла дома па фрлал оружје од тераса

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.С. од Скопје за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи" и 37-годишниот Ш.С. од Скопје за сторено кривично дело ,,прикривање".

„Во Скопје на улицата „18“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, второпријавениот Ш.С. од терасата фрлил пиштол ,„Валтер ПП“ калибар 9×18 мм и кутија со 49 куршуми калибар 9 мм, кои првопријавениот ги поседувал без соодветна дозвола“, соопштуваат од МВР.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе