Вчера во 17.30 часот на улицата „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола, информира МВР и објаснува дека при претрес во домот и возилото „мерцедес" на Т.Ж., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
„При претресот, неговиот татко З.Ж. ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.