Акција на МВР

Полицајци со кучиња претресоа куќа во Љубанци, најдени самострел, револвери, рамки за пушки, муниција...

Специјални единици на полицијата, меѓу кои и полиција со обучени кучиња, извршиле претрес во една куќа во скопско Љубанци. Пронајдени се револвери, рамки за пушки, цевки за пушки, муниција, самострел и стрели, сигнален пиштол...

Вчера, од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(75) од село Љубанци, информира МВР.

„При претресот се пронајдени еден револвер „Застава", еден револвер "Ekol viper", еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел "Lightning by Barnett", четири стрели за самострел.

Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе