Полицајци од уста му ваделе ќесички марихуана на тетовец

Тетовската полиција со полициски кучиња два часа го претресувала домот и помошни простории на M.Л.(35) во Тетово при што пронашле и одзеле марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана" без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба. 

Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја.

Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе