Полицаец, син на бившиот поглавар на ИВЗ, ранет во Ѓорче Петров

Денеска околу 16,40 часот во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило „мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З. Р.. З.Р. добил повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8 Септември" за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи.

З.Р. порано имал проблеми со внатрешната контрола во МВР. Тој лани за време на полициски час како инспектор вработен во МВР, се вклучил во живо на „Фејсбук“ и по завршување на работните задачи се снимал како шета по улица за време на полициски час. МВР тогаш најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврди дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола утврдено е дека тој објавил видео на 8 април 2020 во 20,20 часот со вклучување во живо на својот фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. Партизански одреди. Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20 часот. Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР“, соопшти тогаш министерството.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе