Полицаец на Деве Баир примил поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење сомневање за сторено кривично дело „примање поткуп" по член 357 од КЗ.

Пријавениот на 16 април од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил пари за да не изврши службено дејство кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Македонија.

Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.


Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе