По тројното убиство во Дебар

Поголемата ќерка осомничена за убиството, во моментов е во Јавното Обвинителство

Поголемата ќерка на семејството Поцеста од Дебар, кое долги години живеело во Италија, 25-годишната Б.П. е осомничена за грозоморното убиството на нејзините родители и помалата сестра, дознава МКД.мк од полициски извори. Осомничената Б.П. е приведена и моментално се наоѓа во Јавното Обвинителство.

Полицијата и Јавното обвинителство подоцна ќе дадат повеќе информации за деталите околу овој случај и за мотивите за трикратното убиство.

Засега е познато дека Б.П. ги убила родителите и по убиството заминала во Италија. За убиството таа ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол.

Откако телата на убиените биле откриени, таа по тажната вест што и ја јавиле роднините се вратила во родниот крај.

Трагичниот настан се случи во три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги застрелал сопружниците, а потоа и нивната ќерка.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе