Притвор за двајца скопјани

Подведувале малолетничка на сексуален однос за пари, за возврат и купувале дрога

Притвор од 30 дена добија две лица од Скопје под сомнение дека подведувале малолетничка на сексуален однос со други лица за пари, а за возврат на девојката и наоѓале престојувалиште и ѝ набавувале опојни дроги. Според МВР, се работи за Б.Б. (23) и С.Р. (20) кои се осомничени за сторено кривично дело „трговија со дете".

Клиентите со кои малолетничката требало да има сексуален однос, а за тоа да платat, ги наоѓале двајцата осомничени. Против овие лица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка под сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

„Осомничените во поединечни случаи, најпрвин го прифаќале и засолнувале шеснаесетгодишното девојче, а потоа го подведувале на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок. Исплатените пари за услугите што ги пружала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште и ѝ набавувале опојни дроги", соопштуваат од Обвинителството.

Постапувајќи по кривичните пријави поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител издаде наредби за судско-медицинско и невропсихијатриско вештачење на оштетената малолетничка.

По добиената информација, Министерството за труд и социјална политика веднаш, во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за заштита и психо социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе.

На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција, информираат од МВР.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе