Поднесено обвинение за тешка кражба за двајца скопјани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица, кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело „тешка кражба". Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и исти прилики што претставува повеќекратно остварување на кривичното дело тешка кражба.

Обвинетите на 2 јули 2020 година, околу 01.00 часот, со погоден алат – токмак го искршиле долниот дел од заштитниот ѕид на затворена просторија од магацин – тезга и одзеле туѓи подвижни предмети, облека, во вкупна вредност од 21.420,00 денари. Истиот ден, околу 03.00 часот го провалиле и магацинот – тезга на второоштетената од каде, со намера противправно да ја присвојат, одзеле облека во вкупна вредност од 180.480,00 денари.

При напуштање на местото со украдената облека спакувана во најлонски ќеси, обвинетите биле фатени од надлежни полициски службеници.

Со поднесениот обвинителен предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за едно од обвинетите лица, а за другото обвинето лице предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетите и можност за попречување на натамошната постапка.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе