Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се бидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски" и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите.

Притоа, тој ставил маска на устата и ја откопчал јакната, а едната рака ја ставил во внатрешниот џеб каде што имал нож. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а обвинетиот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување и го спречил обвинетиот во намерата да изврши разбојништво.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, бидејќи оцени дека во конкретниот случај и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе