Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетиот 24-годишник, на 2 ноември минатата година, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол ЦЗ ВЗ61 Шкорпион, како и десет куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 милиметри.
На критичниот ден, на улица „Цветан Димов", тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот и телото на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани моторни возила.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.