Поднесено обвинение за лицето кое преку социјална мрежа упатило закани кон премиерот

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопштија од Јавното обвинителство, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години.

Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина, стои во соопштението.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе