Обвинителство

Поднесено обвинение за лице кај кого на преминот Блаце е најдена дрога

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против лице кое преку граничниот премин Блаце се обиде да пренесе дрога. Обвинителството бара притворот за ова лице да биде продолжен.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 47-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 11 април, при влез во државава на граничниот премин Блаце, во патничкото моторно возило БМВ со скопски регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во полиетиленско ќесе со вкупна нето маса од 38,82 грама, пет таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диоксиметамфетамин и пластичен шприц со волумен од 10 ml хашиш масло. При претрес во непријавеното престојувалиште на осомничениот во Скопје, полицијата пронашла уште 2,68 грама марихуана и дробилка со остатоци од наркотична дрога“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи тој може да се даде во бегство или да го повтори делото.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе