Поднесено обвинение за крадец на паричници на автобуска во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

Обвинетиот 54-годишник, на 19 мај, на автобуската постојка кај Зелен пазар во Скопје, одзел паричник во кој имало пари, банкарски картички и други документи, со што на едно лице му нанел вкупна штета од околу 2.950 денари.

По кражбата, обвинетиот бил фатен од полициски службеници, кои кај него го пронашле паричникот, информираат од скопското Обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе