До Охридскиот суд

Поднесено обвинение за браќата Усеини за насилство

Обвинителството во Охрид достави до охридскиот суд обвинителен предлог против охридскиот советник Нефи Усеини и брат му за напад врз едно лице пред хотелот Јуник во Охрид.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривичното дело – насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице, при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот Јуник во Охрид, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш почнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде што во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет. Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. При тоа, на еден од обвинетите од панталоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот“, стои во соопштението.

Јавниот обвинител што постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети, поради постоење опасност од нивно бегство.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе