Обвинение за неколку кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 27 и 28 септември, извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи исти прилики и слични околности. Тој најпрвин, од подрумска просторија во една куќа на улицата „Карл Хрон" во Скопје одзел алати и други предмети во вкупна вредност од 24.530 денари. Потоа обвинетиот 22-годишен скопјанец од подрум во куќа на улица „Маџари" украл моторна пила за сечење дрва вредна 30.000 денари, а од гаража на улицата „Перо Наков" одзел моторна пила и бакарни шини во вкупна вредност од 34.000 денари.

Ценејќи дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено имајќи го предвид фактот дека се работи за лице кое претходно е осудувано за кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор, со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе