На магистралниот пат Гостивар-Тетово

Под сомнение за трговија со луѓе приведени странски државјанки и сопственик на угостителски објект

Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска извршиле контрола во угостителски објект на магистралниот пат Гостивар-Тетово, сопственост на Х.А.(32) од с.Боговиње, тетовско, при што во објектот, освен вработените, биле затекнати и седум лица, од кои две македонски државјанки, три руски и две српски државјанки.

Седум лица биле приведени поради основано сомнение за кривично дело согласно член 418-а од Кривичниот законик, а на разговор во полициска станица бил повикан и сопственикот на објектот.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе