Почина жената што беше прегазена вчера во Скопје

69-годишната Ц.И. од Скопје, која беше прегазена вчера на булеварот „Јане Сандански" спроти ТЦ „Три Бисери", подоцна им подлегна на повредите. Таа починала во 18.30 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", каде била пренесена по сообраќајната несреќа.

Сообраќајката се случи околу 14.30 часот откако возило „Тојота ленд крузер " со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.В. од Скопје, удрило во Ц.И.(69) од Скопје.

Ц.И. била пренесена во болница со возило на Итна медицинска помош, по што и биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе