Соседска расправија

Почина повредениот во престрелката во Куманово

Кумановецот Веби Маскути (57) кој синоќа беше тешко повреден од огнено оружје во соседска престрелката во кумановската населба Диво насеље им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје. Осомничен за убиството е В.Љ. кој вечерта сам се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.

Во воружената престрелка беа ранети уште три лица.

На вооружениот иницидент му претходела вербална расправија меѓу членови на семејствата Латифи и Максути, која потоа прераснала во вооружен инцидент.

Од првичните информации било утврдено дека во вооружениот инцидент Маскути се здобил со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друг бил повреден со нож.  

Вооружената престрелка се случи околу 19 часот, во близина на маркетот „Арди“, на улицата Тоде Мендол. Критичното време дошло до расправија помеѓу членовите на двете семејства во која Ф.Љ.(19), Д.Љ.(18), Ф.Љ.(61), Х.Љ.(23) и В.Љ.(48) пукале со огнено оружје кон М.М.(55), Е.М.(49), М.М.(47), Џ.М.(30), Р.М(28) и В.М.(57). 

Според полицијата, М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети.

По престрелката Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. биле приведени. 

Увидна екипа на СВР Куманово и Јавен обвинител извршиле увид. 

Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави. 

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе