Мајката повикала брза помош

Почина новороденче во Скопје

Вчера во 9 часот од страна на вработен во Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Виетнамска" во Скопје имало починато новороденче, родено пред три дена.

Според полицијата по кажување на мајката Ѓ.С. бебето било родено пред три дена во Гинеколошко акушерска клиника “Мајка Тереза“ и истиот ден околу 8.30 часот забележала дека со бебето нешто не било во ред и повикала Итна медицинска помош.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција. 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе