По неколку дена во болница

Почина 19-годишното момче од Сараќино повредено во сообраќајка

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник".

Се судрија товарно возило „мерцедес" со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса".

Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе