Побарани казни од по 2.000 евра за 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казни во висина од по 2.000 евра против вкупно 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.

Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители му предложиле на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Сите се обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе