Побарана казна за лице од Пробиштип, не ја почитувал самоизолацијата во Скопје

Лице од Пробиштип со престојувалиште во Скопје ниту еден ден не ја почитувал изјавата за задолжителна самоизолаација. Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од ЈО соопштија дека по престој во Австрија, како земја со среден ризик за ширење на коронавирусот Ковид-19, обвинетиот на 20 март се вратил во земјава.

На граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во станот во кој престојувал во Скопје. Веќе следниот ден, на 21 март, полициски службеници при извршената проверка не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе