По вчерашното приведување се бара притвор само за едно лице

Притвор за едно лице од Арачиново бара јавното обвинителство по вчерашната голема полициска акција во Грчец и повеќе скопски населби и села, во која беа приведени 12 лица. За друго лице била претходно распишана централна потерница, информираат од МВР, и тоа ќе се врати на доиздржување на затворска казна. За останатите десетмина приведени се чекаат одлуки. Ниту од Обвинителството, ниту од МВР нема информации дали ќе се бара притвор и дали се поднесени кривични пријави против нив.

Од јавното обвинителство официјално го потврдуваат барањето за притвор на Арачиновецот кој од вчера е под истрага и е осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи откако во акцијата во неговиот дом биле пронајдени два полуавтоматски пиштоли и куршуми.

Од МВР велат дека се уште трае вештачењето на запленетите предмети во вчерашната акција, а се уште се работи на расчистување на случајот.

„Во врска со полициската акција се преземаат понатамошни мерки и активности во однос на сите извршени претреси и пронајдени предмети. Врз основа на веќе добиените наредби од ОЈО Скопје, извршено е вештачење на дел од одземените предмети, а за останатите одземени предмети постапката е во тек", велат од МВР.

Приведените во акцијата ноќта ја поминаа во полициска станица, но се чека на одлуката од обвинителството какви мерки ќе им бидат изречени.

Акцијата на МВР дојде една недела по пукањето во Александар Палас, во кое биле инволвриани дел од приведените. Тие се товарат за предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста на службено лице и трговија со дрога и оружје.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе