Сообраќајна контрола

По скопските улици возел со 118 километри на час

Полициски радар вчера регистрираше возило кое по скопските улици се движело со брзина од 118 километри на час. Во рамките на засилените сообраќајни контроли во Скопје полицијата изрече вкупно 199 мерки, меѓу кои 44 за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола, 3 за возење под дејство на алкохол, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила. На територија на Македонија пак, вчера биле казнети 328 возачи за брзо возење.

Полицијата во Скопје изрече и четири мерки за неносење на сигурносен појас, 6 за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 11 за користење на мобилен телефон, 33 прекршоци што ги чинат пешаците, како и 50 за непрописно паркирање. 

Од вкупниот број санкционирани возачи во земјава, а кои возеле со брзина поголема од дозволената, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а две возила се движеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Изречени се санкции за 141 возач кои ја пречекориле брзината во населено мести и 187 надвор од населеното место

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе