По полициска контрола ги проголтал сите екстази таблети

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М.Д. (26) од Скопје, А.С. (23) од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени таблети екстази.

Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, а М.Д. во меѓувреме ги проголтал таблетите и бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе