По опомена за непочитување на полицискиот час, тетовец бил агресивен кон полицијата

Жител на Тетово бил приведен од полицајци откако бил затекнат како го прекршува полицискиот час, а притоа агресивно се однесувал кон службениците на МВР. Полицајците го затекнале вчера околу 23 часот на улицата „111" во Тетово.

„Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 42-годишен тетовец, кој агресивно се однесувал и ги навредувал, а ја прекршил и забраната за движење. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци“, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За неносење на заштитни маски на 38 лица полициските службеници им изготвиле платни налози поради прекршување на владината уредба за заштита во време на пандемија.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе