По Куманово, дупка се отвори и во Битола (ФОТО)

Откако чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ  од Куманово, на социјалните мрежи се споделуваат слики од отворена дупка во Битола.

По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни и засега нема информации за што точно се работи.

Дупката е широка 1,5 метри, а се појави пред станбена зграда.

Инаку викендов невообичаено голема дупка се појави во дворот на кумановското семејство Азировиќ во Куманово во месноста „Багрем Бања".

Овој невообичаен настан го регистрираше и Регионалниот центар за управување со кризи, во чие соопштение се наведува дека пропадната земја има пречник на отвор 50 до 60 сантиметри што надолу се проширува до 150 сантиметри и повеќе, на длабочина од пет до шест метри.

Сопствениците, Селвер и Кумрија Азировиќ додека го расчистувале дворот, непријатно биле изненадени гледајќи ја големата дупка во дворот, што според нив се појавила ненадејно. Соседите им кажале дека станува збор за бункери градени во минатото.

„Многу е голема како да е градена, се гледа простор каде може да се движи, како бункер граден во минатото", вели Азировиќ.

Соседот, повикал служби кои дошле и ја констатирале состојбата.

„Дупката се појави ненадејно, ја виде сопругата додека чистеше, таа ме повика и јас и реков да се потргне, бидејќи е опасно. Пријави соседот, дојдоа од општината, од службите. Малку ни е страв, спиеме кај роднините", рече Азировиќ.

Тие велат дека го купиле плацот од соседите во 1993 година, кои претходно го користеле за насад од грозје. Тие и претходно ја доградувале куќата со парите спечалени во Германија.

В понеделник, стручните лица ќе ја согледаат состојбата и ќе кажат какви чекори ќе бидат преземени. Граѓаните од оваа населба велат дека во овој дел има скривници градени во минатото.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе