Обвинителство - Скопје

По 2.000 евра казна бара обвинителството за прекршители на полицискиот час

За двајца скопјани и еден охриѓанец Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози, бидејќи се обвинети дека извршиле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Казната која ја бара Обвинителството изнесува 2.000 евра.

„Трите лица, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час како мерка за спречување на ширењето на заразната болест ковид-19. Тие без да поседуваат дозвола , за време на важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот. Јавниот обвинител за овие лица му предложи на Судот да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечен износ на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе