Пиштол, куршуми, хашиш и марихуана нејдени во куќа во Сингелиќ (ВИДЕО)

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи".

Во текот на денешниот ден, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава" со две рамки и 57 куршуми.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе