Пијан влегол да плива во Охридско езеро и се удавил

Маж се удави во Охридското Езеро вчера попладне, откако во алкохолизирана состојба влегол со пријателите да се капе во езерото, информираше полицијата.

Вчера во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија" во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на 49-годишниот С.Ј. од Охрид. Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14:00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе