Скопје

Пијан насилник го претепал 2-годишниот син кој се онесвестил, а ја тепал и сопругата и другите три малолетни деца

Пијан насилник го претепал две годишниот син поради што детенцето се онесвестило, а ги тепал и другите негови три деца и сопругата, завчера во нивниот дом во Скопје.

По насилството, мајката која исто така била претепана од сопругот, го однела детенцето во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ја известила полицијата. Лекарите констатирале телесни повреди кај детенцето и го задржале на лекување.

Полицијата го уапсила Ф.С.(47), осомничен дека сторил две кривични дела и против него поднела кривична пријава за телесни повреди во вршење семејно насилство, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Истрагата утврдила дека насилникот кој критичното време бил пијан, а неговата сопруга била на работа, тој го претепал 2-годишниот син, поради што детенцето од ударите паднало во без сознание. Околу 18.30 часот сопругата Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба.

Во моментот кога нејзиниот најстар 9-годишен син ја отворил вратата, насилникот ја нападнал мајката. Жената  успеала да избега во собата кај децата кои и раскажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат.

По кратко време, мајката со такси возило го однела 2-годишниот син во болница.

Во разговор со полициските службеници мајката изјавила дека ова не било прв случај на семејно насилство, туку дека тој и порано ги малтретирал неа и децата.

Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во Шелтер центарот.

 

                                                                                    

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе