Пијан маж нападнал продавачка и малолетник

Вчера околу 19.20 часот во Скопје на ул. „Максут Садик" во колонијална продавница, С.Н., кој бил во алкохолизирана состојба влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол.

 

С.Н. не бил услужен од вработените П.А.(23) и уште едно 16-годишно лице по што С.Н. почнал вербално, а потоа и физички да ги напаѓа, најверојатно употребувајќи и метална шипка.

Вработената и малолетникот се здобиле со повреди и со возило на итна медицинска помош се префрлени во Градската општа болница “8 Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе