На излез од Струмица

Петнаесетгодишно девојче почина во сообраќајка

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на излезот од Струмица почина 15-годишно девојче. Според првичните информации, до несреќата дошло откако возилото во кое починатото девојче било сопатник, излетало од патот. 

„Во 4 часот и 30 минути било пријавено дека на излез од Струмица кон с.Дабиле, патничко моторно возило Фолксваген кеди со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот. На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица“, информираат од МВР.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе