Во Куманово

Петнаесет лица играле видео - игри по полноќ, сопственикот ќе добие кривична пријава

Во една играчница за видео - игри во Куманово полицијата затекна 15 лица кои не ги почитувале здравствените протоколи. Сопственикот ќе добие кривична пријава.

По пријава од граѓани, малку по полноќ полицијата посетила објект за видео игри на улицата „Гоце Делчев" во Куманово, каде затекнала 15 лица кои не ги почитувале здравстените прописи за време на епидемија. Полициските службеници констатирале и дека објектот работи по дозволеното работно време..

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе