Петмина тешко повредени во сообраќајка на патот Тетово-Брвеница

На регионалниот пат Тетово – Брвеница вчера се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв", со тетовски регистарски ознаки, што без возачка дозвола го управувал 17-годишник од тетовското село Луковица и „фолксваген голф".

Во незгодата, возачот на возилото „бмв“ и четири лица од возилото „голф“, Н.Ј. (36), Н.А. (31), А.Ј. (38) и М.Л. (33), од тетовското село Челопек добиле тешки телесни повреди и биле пренесени во тетовската болница за укажување на лекарска помош. Телесни повреди добија двајцата сопатници од возилото „бмв“ на возраст од 17 години, од Брвеница.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на незгодата.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе