Петмина повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот на Скопје на булевар „Александар Македонски", синоќа десетина минути пред полноќ се случила сообраќајка во која повредени се пет млади лица.

Сообраќајна незгода била помеѓу автомобили „рено меган" и „опел вектра", двете со скопски регистрации. Возачите на двете возила се 22-годишници.

Во „опелот" биле уште две лица на возраст од 19 и 22 години, а во „реното" 20-годишна девојка.

Сите петмина се пренеси во болница, тројца во Клиничкиот центар, а двајца во градската болница „8-ми Септември".

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе