Петмина повредени во сообраќајка на две коли и камион на патот Охрид-Ресен

Пет лица, од кои четворица потешко и еден полесно се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај с.Опеница.

Сообраќајката, како што соопшти МВР, се случила помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко  возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота" К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо" и Општата болница во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе