Предлог на ОЈО Скопје

Петмина граѓани да платат по 2.000 евра казни за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник, соопштуваат од ОЈО Скопје.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани, не ја почитувале забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време на важечкиот полициски час биле затекнати надвор од нивните домови со што го сториле наведеното кривично дело, информираат од скопското обвинителство.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе