Петмина дрвокрадци добија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.У. (38), О.Ф. (55), О.Н. (54), А.Ф.(38) и Б.Ф. (56), сите од гостиварското село Орќуше, поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела „пустошење на шума" и „кражба" на дрва.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пријавените во неколку наврати извршиле бесправна сеча на шума во сопственост на ЈП „Национални шуми“ во атарите на селата Орќуше и Дуф, при што нанеле штета од околу 470.000 денари. 

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе