Првите две се случиле на 20 јанаури околу 20.30 часот во продавница на ул. „Козле-1“ во Скопје каде што со закана со бејзбол-палка и нож од вработените го одзеле дневниот промет од околу 16.500 денари, а втората во маркет на ул. „Рузвелтова“ во Скопје каде со закана со бејзбол-палка одзеле околу 30.000 денари и 30 кутии цигари.
На 29 јанаури околу 21.55 часот во самопослуга на ул. „1“ во Ново Село, скопско, пријавените на идентичен начин од вработената го одзеле дневниот промет од околу 11.000 денари. Потоа, на 30.01.2018 година околу 20.45 часот во продавница во скоското село Радишани, со закана со бејзбол-палка од вработената го одзеле дневниот промет од околу 26.000 денари. На 3 февруари околу 19.30 часот во мини маркет во скопското село Визбегово, , со закана со бејзбол-палка и нож од вработената го одзеле дневниот промет од околу 30.000 денари и неколку кутии со цигари, а пет дена подоцна односно на 8 февруари околу 20.30 часот извршиле разбоjништво во продавница на ул. „Борис Сарафов“ од каде што го одзеле дневниот промет во висина од 20.000 денари. На 10 февруари околу 18.30 часот во продавница во Радишани, пријавените со закана со пиштол од вработената го одзеле дневниот промет од околу 20.000 денари.
На 11 февруари во 16.30 часот биле извршени претреси во домовите на Ф.Д., С.Н., А.М. и М.Џ. При претресите, кај првите тројца биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. Потоа, пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Карпош, каде што во службен разговор ги признале делата,соопшти МВР.