Во Тетово

Пет лица приведени во две тепачки

Пет лица се приведени во два одвоени случаи поради физички напади во текот на вчерашниот ден во Тетово. Полицајци вчера во 15:15 часот во Тетово ги лишиле од слобода А.Л.(25) и А.Е.(24), двајцата од Тетово, затоа што претходно на улица „Иво Лола Рибар" физички го нападнале Ф.А.(31) од тетовски Порој. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде подготвен соодветен поднесок, информира СВР Тетово.

„Вечерта околу 20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(24), А.Ф. и Е.А., сите од Тетово, затоа што претходно во маркет на ул.„Иво Лола Рибар" физички го нападнале Ф.И.(30) од Тетово, при што се обиделе да употребат и остар предмет, но биле спречени“, информира полицијата.

Тие биле приведени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе