Пет лица приведени поради поседување на марихуана

Пет лица биле уапсени во текот на изминатите 24 часа на неколку различни локации во Скопје поради поседување на марихуана. Од МВР соопштуваат дека се работи за три одделни случаи во кои е интервенирано во текот на вчерашниот ден. 

„На 25.06.2020 во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул."Јане Сандански", ги лишиле од слобода А.Н.(34) и А.П.(44) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок." соопштуваат од МВР.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе