Пет лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Пробиштип-Кратово

Пет лица се повредени во сообраќјната несреќа, која се случи околу 12.20 часот кај местото викано Перово Долче на патот Пробиштип-Кратово, поради што оваа сообраќајница беше затворена за сообраќај до 13.15 часот.

Според првичните информации од СВР-Штип, едно возило излетало од коловозот, во кое се превезувале пет лица, од нив четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово.

Увидот од страна на истражните органи се уште се одвива, за да се утврдат причините за несреќата. Патот Пробиштип-Кратово од 13:15 часот е пуштен за сообраќај.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе