Пет лица повредени во сообраќајка во Скопје

Во  сообраќајна незгода што се случила вчера на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улица „16-та Македонска Бригада“ и улица „Интернационални Бригади“ едно лице се здобило со тешки, а четворица со телесни повреди.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген пасат" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од скопското село Грушино, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од село Миладиновци, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од село Брњарци, Скопско.

Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило „фолксваген туран“, а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе