Пет лица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Блаце

Пет лица биле повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 13.30 часот на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце. 

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(37) од Косово, со привремено живеалиште во Тетово и патничко возило „Рено Клио“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Г.(36) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил  М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „Рено Клио“, додека И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош. Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.. Ш.С. со друго возило отишол во болницата во Тетово, додека Н.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

 

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе